Вардар влегува во финалната фаза од подготовките во Анталија, темпирајќи ја формата за стартот на вториот дел од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига.
„Црвено-црните“ во дополнително закажаниот пријателски натпревар, одиграа без голови против екипата на Сараево.
Во дуел во кој Вардар стартуваше во својот најсилен состав, беше одиграно мирно прво полувреме и далеку повозбудлив втор дел. „Вардарци“ постигнаа и погодок преку новото засилување Цветковиќ, но беше поништен поради офсајд позиција.

За Вардар, на подготовките во Анталија, останува уште да се одигра дуелот со екипата на Алашкерт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

