Вардар се врати на врвот на табелата во својата суперлигашка група откако актуелниот вицешампион славеше со 24-28 на гостувањето против Пролет. „Црвено-црните“ рутински стигнаа до нови бодови, мечот го решија во финишот од првото полувреме, не дозволувајќи потоа победата во ниту еден момент да им биде доведена во прашање. Домаќините без отсутните Пецаковски, Василевски и Николовски немаа никаква шанса за сензација против „вардарци“, кои уште еднаш покажаа дека се најдобар тим во оваа група од Супер-лигата.
Почетните минути минаа во знакот на домашнот капитен Ласко Андоновски, кој го отвори мечот со три гола и донесе предност на Пролет од 3-1. Домаќините имаа водство до 4-2, за по исклучувањето на младиот Стојановски тимот на Вардар максимално да ја искористи предноста од играч поведе и да го сврти резултатот во своја полза (4-5). Пролет успешно парираше до 10-11, но потоа дојдедо огромен пад во играта во напад на избраниците на Темелковски, кои во последните девет минути не постигнаа ниту еден гол и на одмор заминаа со негатива од 10-17.
Ласко Андоновски со гол го отвори и второто полувреме, Пролет за момент намали и на пет гола разлика (15-20), но неколкуте грешки на домаќините беа казнети и Недановски да им даде заслужен одмор на клучните играчи во тимот, триумфот во ниту еден момент не беше доведен во прашање, па Вардар го доби овој меч со конечни „плус четири“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА