Вардар ја продолжи победничката серија во Супер-лигата откако „црвено-црните“ без многу мака славеа на денешната градска пресметка со Пролет со резултат . Ракометарите на Пролет се покажаа во далеку подобро издание отколку пред два дена во Битола против Пелистер, но сепак немаа сили за целосна сензација против повеќекратниот македонски шампион.
Гостите подобро го почнаа натпреварот, по десетина минути игра дури имаа и водство од 3-5, но Вардар одговори со четири гола во низа, по што избраниците на Недановски ја презедоа и контролата над играта и резултатот. „Црвено-црните“ набрзина стигнаа и до четири гола предност (11-10), Пролет успеа да се врати, да израмни на 15-15, за домаќините со голот на Ќосевски во 30. минута сепак да заминат на одмор со еден гол предност (16-15).
Гостите целосно парираа само до 19-19, по што „црвено-црните“повторно почнаа резултатски да се одлепуваат. Искуството и квалитетот беа пресудни во завршните дваесетиа минути, во кои Вардар умешно го исконтролира резултатот, на крајот триумфирајќи со 28-25.
Лазаревски и Срдановиќ беа клучни фигури во победничкиот тим со по седум гола, додека најефикасни во таборот на Пролет беа Стојановски со седум и Палевски со шест погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА