Вардар рутински го преслуша Прилеп, лесни победи и за Тинекс Пролет и Е. Пелистер

Ракометарите на Вардар 1961 запишаа нова победа во Групата Б од Суперлигата на Македонија, лесно славејќи со 22-35 на гостувањето против Прилеп.

„Вардарци“ без апсолутно никакви проблеми го контролираа мечот против прилепци, во која одлична партија во првиот дел имаше српскиот бек Матија Николиќ кој постигна девет гола, од вкупно 18 за гостите пред полувремето, 11-18.

Вториот дел за фаворитот беше само рутина за лесна победа. Најдобар кај Вардар беше Матија Николиќ со 10 гола, Томислав Јагуриновски заврши со седум, а Хансер Родригез имаше четири гола. Кај Прилеп, Никола Цветаноски заврши со осум гола.

И Е. Пелистер лесно славеше против Вардар Неготино со убедливи 17-32. Македонскиот шампион немаше никакви проблеми на патот до новите бодови во шампионатот.

Ракометарите на Тинекс Пролет, пак, продолжуваат со одличните изданија на стартот од сезоната сега запишувајќи очекувани бодови на домашен терен против новиот суперлигаш Мулти Есенс победувајќи со 32-27 (17-10).

Најефикасни кај Пролет беа Василевски со шест и Палевски и Арсеновски со по пет гола, додека во тимот на Мулти Есенс се истакнаа Јорданов со 12 и Илиески со девет погодоци. За Пролет ова е втора победа во Групата Б на Суперлигата, а Мулти Есенс го запиша третиот пораз.

Охрид, пак, во четврото коло од групата А, пред својата публика го надиграа вториот тим на Пелистер и со 24-22 му го нанесоа третиот пораз на битолскиот тим. Орјоникидзе со седум гола беше најдобар поединец кај Охрид, а исто толку гола за Е. Пелистер 2 постигна Калајџиовски.

СУПЕРЛИГА – ГРУПА А

Струга – Скопје 37-28

Куманово – Тиквеш 16-28

Охрид – Е. Пелистер 2 24-22

Аеродром – Алкалоид

СУПЕРЛИГА – ГРУПА Б

Пролет – Мулти Есенс 32-27

Прилеп – Вардар 1961 22-35

Вардар Неготино – Е. Пелистер 17-32

Бутел – Голден Арт (утре, 01.10 – 18 ч.)

Се вчитува...