Актуелниот македонски шампион Вардар без поголеми проблеми славеше на гостувањето кај Струга со 28-37 во последниот натпревар од 11. коло во ракометната Суперлига на Македонија.
„Црвено-црните“ уште од стартот ја покажаа разликата во квалитет и во ниту еден момент не му дозволија на противникот да се понадева дека може да освои барем бод. Барјактаревиќ беше најефикасен во екипата на Струга со девет гола, додека кај поранешниот европски првак најдобар беше Валчак со седум, додека Талески и Њокас постигнаа по шест погодоци.
Вардар сега ги очекува реваншот против Пик Сегед во Лигата на шампионите кој на програмата е во четврток во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. На гостувањето во Сегедин „црвено-црните“ загубија со 34-31.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА