Актуелниот шампион во најмасовното ракометно натпреварување во Македонија, Националниот куп, Вардар без проблеми се пласираше на нов Ф4 турнир откако денеска на домашен терен славеше убедлив триумф над Голден Арт од 32-23.
Избраниците на Владо Недановски почнаа фуриозно и брзо стигнаа до предност од 5-0. До крајот на првиот дел разлиаката само се зголемуваше, а „црвено-црните“ на пауза заминаа со плус осум (17-9).
Во вториот дел двократниот европски шампион само рутински го приведе мечот до самиот крај за конечен триумф од 32-23. Стефан Петриќ со девет гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Шилегов и Јанковски постигнаа по пет.
Претходно вчера пласман на Ф4 обезбедија Еурофарм Пелистер и Тиквеш, а последниот патник ќе ни го даде дуелот меѓу Алкалоид и Бутел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА