Вардар се активира на трансфер пазарот: Филип Најдовски се враќа меѓу „црвено-црните“

Во Вардар е „затишје“. Дали пред бура, или нешто друго е во прашање ќе покаже времето. ЕКИПА веќе најави дека сериозни спонзори се најавуваат за влез во најтрофејниот македонски клуб, и подобри времиња.

Дознаваме дека првата трансфер активност на Вардар ќе биде 31-годишниот Филип Најдовски. Играчот на Тирана ќе се врати во Вардар, каде настапуваше од 2018 до 2020 година, пред да се пресели во Тирана.

Тој е поранешен репрезентативец на Македонија до 21 година, за која има 15 настапи.

Се вчитува...