Раул Парондо попладнево ја одржа првата прозивка како шеф на стручниот штаб на Вардар, означувајќи го стартот на подготовките за новата сезона. Шпанецот ја презеде „диригентската палка“ од рацете на својот сонародник Раул Гонзалес, свесен за тежината да се наследи „Ел Команданте“, уште повеќе ако се имаат во предвид и коренитите промани во играчкиот кадар.
Сергеј Горбок повторно го облече дресот на „вардарци“, денеска присутни беа и новиот голман Милосављев и рускиот бек Кисљев, како и Словенецот Скубе.
Според планот, седум дена ќе се работи во Скопје, потоа се заминува на подготовки во Словенија, а од таму на турнир во Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА