Ракометарите на Вардар издвојуваа тешка победа над „жилавиот“ Бутел од 26-22 во 11. коло од ракометната Суперлига. По поразот од Пелистер, избраниците на Стевчо Алушовски одиграа тежок натпревар против Бутел кој е еден од клучните за одбрана на титулата во домашниот шампионат.
Бутелци одлично се држеа во текот на целиот натпревар. Одиграа „егал“ прво полувреме по кое на пауза се замина со нерешен резултат 11-11. И во второто полувреме продолжи израмнетата игра, но сепак искуството на „црвено-црните“ пресуди во последните десет минути кога успеаја да го урнат отпорот на противникот и да стигнат до триумф од 26-22.
Томислав Јагуриновски со седум гола беше прво име кај победникот, додека Чупиќ заврши со шест. Кај поразените Мирко Мајиќ беше најефикасен со шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА