Вардар се мачеше, Шкендија убедлива, во Охрид „романтично“

Вардар со судни маки успеа да слави триумф од 2-0 над Брегалница во 22.коло од Првата фудбалска лига. Дури во финишот, кога Брегалница остана со играч помалку по исклучувањето на Ѓорески, Дејан Блажевски во 88.минута и Петар Петковски во 90.минута донесоа важни и планирани три бода за „црвено-црните“.

vardar - bregalnica novo 1

Шкендија беше убедлива против Победа и славеше со 4-0. Дино Меѓедовиќ уште во третата минута го отвори резултатот, Вујчиќ во 53.минута зголеми на 2-0, а до крајот на мечот во листата на стрелците се запишаа и Бесарт Ибраими и Стенио Жуниор.

skendija so pobeda

Работнички оствари „трета среќа“ против Пелистер, славејќи во Охрид со 0-1. „Романтичарите“ беа подобар ривал во текот на целиот меч, создадоа поголем број шанси, а стрелец на победничкиот гол беше младиот Елиф Елмас во 61.минута од средбата. Тој на фантастичен начин зафати волеј – удар и го совлада Илчо Петровски. „Зелените“ во финишот останаа и со играч помалку по исклучувањето на Фернандо Аугусто.

pelister - rabotnicki ohrid 4

Силекс со 4-2 ја совлада Македонија ЃП во Кратово. Ѓорѓи Танушев прв ја затресе мрежата на ѓорчепетровци, а на стартот на вториот дел Недељковиќ постигна втор погодок за Силекс. Антонио Каланоски и Кристијан Филиповски зголемија на 4-0, а „лавовите“ намалија во финишот со двата гола на Дин Аломеровиќ.

Шкупи со пресврт ја совлада Ренова со 3-2. Бурим Садики ги доведе „гипсарите“ во водство, Јасир Асани израмни на 1-1, но Фатон Јусуфи повторно донесе предност за Ренова на полувремето.

Во вториот дел, Шкупи со подобра игра стигна до триумф. Бесар Исени израмни на 2-2, а Јасир Асани во 70.минута беше стрелец на победничкиот погодок за тимот од Чаир.

ПРВА ЛИГА, 22. КОЛО

ВАРДАР – БРЕГАЛНИЦА 2-0

ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ 0-1

ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА 4-0

ШКУПИ – РЕНОВА 3-2

СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП 4-2

Табела: Вардар 50, Шкендија 44, Работнички 36, Пелистер 36, Силекс 31, Ренова 28, Шкупи 21, Победа 19, Македонија ЃП 16, Брегалница 12.

Се вчитува...