Вардар се поблиску до титула: Лесно совладан Бутел

Ракометарите на Вардар запишаа уште една победа во ракометната Супер-лига. На свој терен првопласираниот тим го совлада Бутел со убедливи 42-27.

Само на почетокот Бутел имаше предност и „егал“ до петата минута, а потоа Вардар ја презеде контролата и само го зголемуваше водството. На полувреме „црвено-црните“ имаа водстов од 21-13.

Во вториот дел речиси идентично како во првиот, само што Бутел постигна гол повеќе, и само го ублажи поразот.

Најефикасен беше Јака Малус со осум голови, додека Урош Митровиќ постигна пет. Дејан Михајловиќ беше стрелец на осум голови за Бутел, а Димитар Узунчев шест пати ја затресе мрежата на Вардар.

„Црвено-црните“ максимално профитираа, со оглед дека нивниот главен конкурент Е.Пелистер загуби на домашен терен од Охрид.

Се вчитува...