Вардар се пофали со засилување кое има играно во Лига 1

Најновото засилување во ФК Вардар АД е 27-годишниот Французин Ворен Чимбембе. Поранешен играч на францускиот прволигаш Мец, како и на шпанскиот второлигаш Мирандес и францускиот второлигаш Гингамп.

Играчот стави потпис на договорот со „црвено-црните“ и веднаш му се стави на располагање на тренерот Гоце Седлоски на подготовките во Раденци, Словенија, кои ќе се одвиваат до стартот на јули, непосредно пред мечот во Конференциската лига на УЕФА.

Се вчитува...