Вардар ја забележа третата победа во третиот натпревар во плеј-офот домашната ракометна Супер лига трумфирајќи во градското дерби со Металург со 32-31 во натпреварот од 5.коло.
Во дуел со повеќе резултатски пресврти, Металург имаше предност во поголем дел, а Вардар чекорот кон победата го направи буквално во финишот и ја доби средбата минумално.
На полувремето Металург имаше предност од три гола, водеше со 15-18 на паузата, а во воедните 30 минути, Вардар беше без најголем дел од стандардните првотимци. Во вторто полувреме, Пародно внесе дел од играчите кои го носат товарот во Лигата на шампионите, но Металург не дозволи лесно да биде скршен.
Киселјев со осум гола беше беше прв стрелец кај Вардар, Стоилов постигна пет. Кај Металург Шилегов беше стрелец на осум гола, Шпенде дуелот го заврши со четири погодоци.
За тимот од Автокоманда ова е втор пораз во Супер лигата. За Вардар ова беше дуел кој мораше да го одигра меѓу четвртфиналниот двомеч од Лигата на шампионите со Пик Сегед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА