Вардар се разбуди – „Црвено-црното“ никогаш не се отпишува предвреме (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар се разбуди и резултатски во новата сезона од Првата македонска фудбалска, па по денешната победа од 1-0 против АП Брера сега е во рамноправна битка за опстанок во лигата во која во актуелниот момент дури осум екипи, се чини, ќе се борат за останување во елитата.

„Црвено-црното“ очигледно никој не може да го отпише предвреме. Избраниците на Александар Васоски го покажаа тоа денеска на „Борис Трајковски“ каде низ тешка битка сосема заслужено дојдоа до бодовите против струмичани кои, пак, цели осум меча по ред не знаат за победа. Водени беа „вардарци“ и од секогаш расположените „Комити“ кои знаат да ги понесат мотивациски до секој следен предизвик.

Интересно, сега Вардар кој со 11 бода е се уште на последната позиција, е на само четири бода од петтопласираната АП Брера која има 15 бода. А, притоа, „вардарци“ се и со натпревар помалку, оној заостанатиот против Струга ТЛ. Што ќе рече дури осум екипи се на само четири бода меѓусебно бодовно распоредени во битката за опстанок…

 

 

 

 

Се вчитува...