Вардар се враќа во „егал“ против Тиквеш, Работнички „гази“ во Струмица (ВИДЕО)

Екипата на Вардар успеа во 66. минута од средбата да го израмни резултатот, по шокот во првото полувреме кој го доживеа против Тиквеш, кога Спахиу донесе предност.

Така Мишковски, кој влезе во игра од клупата, успеа да донесе израмнување. После еден центаршут на Мицевски, топката од Дианеси стигна до Мишковски, кој со глава го совлада Тасев.

Водство од 1-3 има Работнички против Брера, кој „гази“ кон победата. „Романтичарите“ по првиот дел водеа 0-2, а на стартот од вториот дел, постигнаа уште еден гол за 0-3. Струмичкиот тим со гол веднаш се врати на 1-3.

Има промена и во Охрид, Шкендија со голот на Флорент Рамадани поведе против Воска Спорт.

Се вчитува...