Екипата на Вардар по една година пауза повторно ќе биде дел од македонската кошаркарска елита. „Црвено-црните“ одиграа импресивно во текот на целата сезона, во досегашните петнаесет кола имаат скор од 14 победи и само еден пораз, па осема заслужено се наоѓаат на првото место на табелата.
Пред почетокот на денешниот дуел со Тетекс „вардарци“ го добија признанието за одличните игри, што директорот на клубот Бране Андриевски го прими од директорот на МКФ, Владимир Темелковски.
„Црвено-црните“ со години наназад инсистираат на работа исклучиво со домашни кошаркари, не отстапувајќи од правилната стратегија иако неколку пати во меѓувреме испаѓаа од елитното друштво.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА