Шкендија успеа да ја спаси честа на гостите во 1. коло од Првата македонска фудбалска лига, славејќи со 0-1 на гостувањето против новиот прволигаш Воска спорт во Охрид. На останатите четири дуели на стартот од новата сезона четири победи на домашните во кои славеа Брегалница, Тиквеш, АП Брера против Вардар и актуелниот шампион Струга ТЛ против Гостивар.
АП Брера го победи Вардар на отворањето на новата сезона минимално но заслужено со 1-0, благодарение на извонредниот евро-гол на Јанкулов во 59. минута од средбата.
Со истиот резултат, но на гостувањето во Охрид победи Шкендија со голот на Аганспахиќ во првата минута од судиското продолжение против Воска Спорт.
Новата сезона стартуваше со одличен натпревар и на Градскиот стадион во Штип со три прекрасни погодоци уште во првото полувреме по кои Брегалница дојде до победа против Силекс од 2-1.
Силекс израмни во 26. минута со голот на Милосављевиќ…
А, најубавиот момент на мечот следеше во 32. минута и феноменалниот гол на Колин Андерсон кој по соло акција низ повеќе од 40 метри на мајсторски начин со извонреден шут од противничкиот шеснаесетник погоди под гредата од голот на Силекс за водство на Брегалница од 2-1.
На дуелот во Струга, актуелниот шампион Струга ТЛ победи со 2-0 против Гостивар благодарение на головите на Марјан Радески во 22. минута, и Јаровиќ во првата минута од судиското продолжение.
Тиквеш победи со 1-0 против Македонија ЃП со голот на Ивановски уште во 42. минута од средбата.
ПМФЛ – 1. КОЛО
Охрид: ВОСКА – ШКЕНДИЈА 0-1
Аганспахиќ 90+1′
Струмица: АП БРЕРА – ВАРДАР 1-0
Јанкулов 59′
Штип: БРЕГАЛНИЦА – СИЛЕКС 2-1
Д. Димитриевски 23′, Андерсон 32′ – Милосављевќ 26′
Струга: СТРУГА ТЛ – ГОСТИВАР 2-0
Радески 22′, Јаровиќ 90’+1
Кавадарци: ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-0
Ивановски 42′
УТРЕ (17 ч.)
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА