Вардар се засили од Пелистер

Младиот 20-годишен фудбалер Михаил Таневски е најновото засилување на најтрофејниот македонски фудбалски колектив Вардар.

Напаѓачот во главниот град пристигнува од редовите на Пелистер за кој настапуваше од 2022 година. Оваа сезона одигра 18 натпревари во „зелено-белиот“ дрес во прволигашката конкуренција, без забележан гол или асистенција.

Покрај за Пелистер, битолчанецот во минатото настапуваше и за вториот тим на хрватскиот состав Осијек.

Се вчитува...