Вардар за продолжението од сезоната во Втората лига – Запад се засили со дефанзивецот Никола Ристески.
„24-годишниот дефанзивец доаѓа од екипата на Ренова, а потекнува од фудбалската академија на нашиот клуб. Договорот е потпишан на една година, а Ристевски во Вардар ќе го носи дресот со број 13“ – информираат од ФК Вардар.
Ристески претходно во кариерата има настапи и за Работнички, Борец, Кит Го, Еуромилк ГЛ, Кожуф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА