Некогашниот репрезентативец Кире Маркоски, е новото засилување за Вардар. Маркоски го стави потписот на едногодишниот договор со „црвено-црните“, кој треба да биде силен адут во нападот на Вардарци во битката за враќање во прволигашката конкуренција.
Маркоски е дел од „златната генерација“ која настапи на младинското ЕП 2017 во Полска. Има над 150 настапи во Првата лига на Македонија, а за најдобрата репрезентација има пет настапи и еден постигнат гол.
Маркоски зад себе има и интернационална кариера настапувајќи за АЕЛ Лимасол и Спартак Трнава. Маркоски беше поврзуван и со трансфер во Работнички, но на крајот се реши да ги засили „црвено-црните“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА