Вардар се засили со Холанѓанец кој бил дел од Фленсбург

Во следната сезона дел од екипата на Вардар ќе биде холандскиот репрезентативец Ларс Коиј. Тој игра на позицијата пивот, и ќе остане во „црвено-црните“ најмалку една сезона, со можност за продолжување на соработката. Тој е првиот Холанѓанец што потпишува за Вардар.

23-годишниот Коиј (199 см.) доаѓа од екипата на Хам Вестфален во Германија каде настапуваше претходните две сезони. Претходно има настапувано и за екипата на Тонден во Данска. Квалитетите на Коиј ги препозна и Флензбург кој го ангажираше овој млад ракометар и две сезони играше за вториот тим (до 19 и до 23 години) и беше шампион на Германија со екипата до 23 години.

Репрезентативната кариера на Коиј е поврзана првенствено со младите категории каде настапувал за националниот тим до 17 и до 19 години. Има играно и за репрезентацијата на Холандија на песок, до 16 и до 17 години. Холандија последниве години сериозно се наметнува во машкиот и женски репрезентаивен ракомет. Машката репрезентација „врза“ три настапи на последните ЕП, каде го освојуваа 17 место (2020), па беа 10. (2022) и на последното Еп го освоија 12 место. Играше и на СП 2023 година.

Се вчитува...