Вардар се засили со Јапонецот Јасухира

Косуке Јасухира, е ново име во редовите на Вардар. Средниот бек доаѓа во редовите на „црвено-црните“ како позајмен од Висла Плоцк. Ова го објави полскиот тим на нивната официјална веб страница.

Јасухира е низок, но брз бек кој ќе биде засилување за Вардар во обидот да ја врати титулата во македонскиот шампионат. Тој во минатото играше за француски Нимс и за јапонски Нипон. Стандарден член е на јапонската репрезентација.

Во минатата сезона овој ракометар постигна седум голови во Лигата на шампионите во сите натпревари. Позајмицата е на една сезона.

„Следната сезона ќе ја минам во Вардар. Сигурен сум дека ќе стекнам големо искуство и ќе се вратам посилен. Се гледаме навивачи“, коментираше Јапонецот.

Се вчитува...