Вардар се засили со Мујезиновиќ од Гостивар

Доскорешниот фудбалер на Гостивар, Мустафа Мујезиновиќ во вториот дел од сезоната во ПМФЛ ќе го носи дресот на Вардар како позајмен играч, официјално потврди најтрофејниот македонски тим.

Триесетгодишниот интернационалец од Босна и Херцеговина кој ја покрива средината на теренот во првиот дел од сезоната настапи на шест натпревари во елитната конкуренција во Македонија, но не запиша гол или асистенција.

Во досегашната кариера има настапувано меѓудругото за екипите на Железничар, Вележ, Нови Пазар, Олимпик Сарево, додека во нашата лига покрај Гостивар има настапувано и за екипата на Шкендија.

Се вчитува...