Одбојкарскиот клуб Вардар успеа да доведе квалитетно засилување за вториот дел од сезонава, потпишувајчи договорот со поранешниот репрезентативец на Македонија, Марко Стошиќ.
Станува збор за играч кој настапува на позицијата техничар и доаѓа од тимот на Универзитет Тетово, а во Вардар ќе го замени интернационалец од Азербејџан, Роман Гурски, кој не ги оправда очекувањата.
Стошиќ има и богато интернационално искуство, со оглед на фактот дека во кариерата има настапувано за екипи од Словенија, Австрија, Франција и Катар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА