Вардар се засили со полски пикер

Од следната сезона нов член на Вардар ќе биде полскиот репрезентативен пивотмен Виктор Јнаковски (23 години) кој се согласи на тригодишна верност со македонскиот клуб. Јанковски е висок 200 центиметри и ќе биде важна алка во тимот, во одбрана и во напад.

Покрај играњето во екипата на Квиџин каде сега настапува, Јанковски бил член и на Висла каде беше дел од составот што беше пријавен за настап во ЕХФ лигата на шампионите во сезоната 2019/2020, а има настап и во квалификациите за Лига Европа во 2022/2023.

Неколку години тој е дел од сениорската репрезентација на Полска и се наоѓа на поширокиот список. Претходно беше на располагање на полскиот селектор и за квалификациите за ЕП и СП. Ги има минато и младинските репрезентации на Полска каде беше стандарден член.

Сезонава Јанковски има постигнато 63 гола, 15 асистенции и процент на реализација од 76 отсто на упатените удари.

Се вчитува...