Вардар се засили со полскиот репрезентативец Марек Марчинијак

Од следната натпреварувачка сезона нов член на Вардар ќе биде полскиот репрезентативец Марек Марчинијак. 29-годишникот ја покрива позиција десен бек/десно крило и потпиша двегодишен договор со клубот со кој се обврза на верност до 2027 година.

Марцинијак во моментов е член на Азоти Пулави, а претходно има настапувано и за екипите на Жуково, Вибжеже Гдањск и Заглебје Лублин. Ова ќе биде негово прво интернационално искуство.

Марцинијак настапи и на последното СП 2025, и на седум средби постигна 13 гола за Полска. Настапуваше и на последните две квалификациски средби за пласман на ЕП 2026 против Португалија, каде постигна шест гола.

Сезонава во дресот на Азоти Пулави настапи на 23 натпревари од полското првенство, и има 71 погодок од 118 обиди, со 60% на успешност.

Марцинијак ќе биде третиот Полјак што ќе го носи дресот на Вардар, по Патрик Валчак и Јан Чувара кои исто така претходните сезони беа дел од клубот.

Се вчитува...