Вардар во своите редови доби ново име. Станува збор за 28-годишниот Тони Стојковски, кој има и интернационална кариера играјќи во Шпанија и во Црна Гора.
Стојковски е роден во Австралија, а игра на десната бековска позиција. Има и настаму за младите селекции на Македонија. Во својата кариера играше за Скопје, Пелистер, во сезоната 2020/21 беше дел од Арсенал Тиват. Во минатото беше дел и од шпанските Карттагена и Буњол.
,,Чест е да се биде во клуб како што е Вардар. Чест е да се биде во клуб кој има толку голема база на навивачи и славно минато.”, рече Стојковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

