Вардар се засилува и со словенечкиот бек Малус

По официјализирањето на ангажманот на Французинот Кеита, екипата на Вардар продолжува со комплетирање на ростерот за следната сезона, со најава за ангажман и на словенечкиот ракометар Јака Малус.

28-годишнот Малус игра на позицијата централен бек. Зад себе има и бундеслигашко искуство во дресот на Гопинген со кој се натпреваруваше и во Лигата на Европа во сезоната 2022/2023 од каде што си замина минатата година.

Се очекува во текот на оваа недела и официјално да биде промовиран во црвено-црниот дрес. Доаѓа од редовите на Слован, а претходно играл и за Целје и Мешков Брест.

Се вчитува...