Во првата меѓусебна пресметка во годинашниот плеј-оф во македонската Супер лига, Вардар рутински славеше убедлива победа против Металург со 37-18 и ја потврди својата доминација во одбраната на шампионската титула.
Вардарци беа убедливи и во третиот натпревар за пет дена во суперлигашкиот плеј-оф. По победите против Пелистер и Пролет, на ред помина и Металург и тоа со убедлива победа со дури 19 гола позитива. За разлика од претходните дуели кога „металурзи“ колку-толку успеваа да му парираат на големиот ривал, овој пат вицешампионот од старт беше во подредена положба. Изостана препознатливата борбеност и некогаш славното скопско дерби се сведе на рутински дуел со лесно предвидлив исход.
Вардар победе со 3-0 и уште од старт воспоставија целосна контрола на играта и на резултатот. Шест минути им требаа на ракометарите на Металург да дојдат до првиот погодок преку пикерот Жарко Пешевски. Без идеја и без решение за многу посилниот противник, отпорот на Металург се сведе на индивидуални акции, долги периоди без погодок и од минута во минута се поголема разлика на семафорот. На четири минути пред крај на првиот дел, домаќините веќе стигнаа на двоцифрена предност поведувајќи со 16-16 со погодокот на Лука Циндриќ, а на одмор зamинаа со водство од 18-9.
Ефикасно со шест гола во серија, вардарци го почнаа и второто полувреме и стигнаа на +15 (24-9). На стартот од последната четвртина, „црвено-црните“ веќе имаа +17 (30-13) и до крај „дербито“ се сведе на полесен тренинг за Вардар и измачувачка немоќ на Металург. Во последните пет минути вардарци влегоа со неверојатни 20 гола разлика (35-15) и го запишаа најубедливиот триумф во дуелите со Металург.
Жоан Канељас и Иван Чупиќ постигнаа по шест, а Данил Шишкарев постигна пет гола во убедливиот триумф на Вардар. Во бледото издание на Металург единствена светла точка беше голманот Мартин Томовски кој запиша 10 одбрани и остана сам да ја брани честа на декласираниот вицешампион.
На средина од плеј-офот, по пет одиграни кола, Вардар е убедлив на врвот на табелата со максимални 15 бода, Металург е втор со 10, а Еурофарм е на третата позиција со седум бода и натпревар помалку. Утре во Битола се играат другите две средби од 5.коло : Еурофарм Работник – Пролет и Пелистер – Охрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА