Кошаркарите на Вардар славеа во Скопје против АВ Охрид со 76-68 (18-16, 18-10, 25-20, 15-22) во 20. коло од Првата македонска кошаркарска лига.
Клучната предност за победа домашните ја направија во втората и третата четвртина низ кои стигнаа до 15 поени предност. Па, и покрај обидот на гостите во финишот да стигнат до пресврт сепак „црвено-црните“ зачуваа победа.
Во составот на Вардар најпрецизен беше Цветкоски со 23 поени, а во тимот на АВ Охрид најефикасен беше Атанасов со 21 поен.
Вардар сега се израмни со АВ Охрид по бројот на победи. И двете екипи имаат по четири победи и 14 порази. Последнорангиран на табелата е Шкупи со 18 порази од исто толку натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА