Фудбалерите на Вардар го одиграа првиот контролен натпревар за време на своите подготовки во Анталија, триумфирајќи со 2-0 против рускиот СКА Ростов на дон.
Стрелци во победата на црвено-црните беа Дејан Блажевски во 49. минута и Парталко во последната минута од средбата. Како што информираат од клубот, шанса за настап добиле сите играчи од првиот тим како и неколку млади играчи од младинската школа.
Вардар на дуелот стартуваше со следниот состав: Гачевски, Стојанов, Мишковски, Ристески, Глишиќ, Мицевски, Николов, Јованов, Блажевски, Наумоски и Петковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА