Актуелниот шампион Вардар ја слави новата шампионска круна, а на стадионот во Ѓорче Петров има едвај 200 навивачи. Ниту навивање, ниту песна…дека Вардар е шампион, дека освои нова титула, 11.по ред.
Влатко Грозданоски денеска го игра последниот меч во кариерата, на дресот го носи бројот „87“, а миленикот на „Комитите“ не дојдоа да го поздрават и да го испратат во пензија ниту 87 Комити…За на Фејсбук, лесно е…да се навива, да се плука, да се „колнеш“ во ’вардарството’…
Тажен амбиент на стадионот во Ѓорче Петров…На трибините се само младите фудбалери од академијата на Вардар, и уште понекој роднина, пријател, симпатизер на клубот. За жал, актуелното раководство на клубот со својата политика на оддалеченост – тотално ги оддалечи вистинските „вардарци“ од најтрофејниот македонски фудбалски клуб.
Вардар слави титула, ама нема кој да слави…За жал!!!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА