Вардар им се приклучи на Металург, Пелистер и на Работник на завршниот турнир од ракометниот Куп на Македонија, откако „црвено-црните“ експресно, со два натпревари во еден ден, успеаја да триумфираат на мини-турнирот на кој беа домаќини во СЦ „Јане Сандански“.
„Вардарци“, кои подоцна го играа овој турнир поради обврските во Лигата на шампионите, одиграа импресивно постигнувајќи вкупно 105 погодоци на два натпревари, најпрвин во полуфиналето го совладаа Металург2 со 52-24, за потоа уште поубедливо да слават во финалниот меч со Металург јуниор со 53-17. Најимпресивен на првиот меч беше Бразилецот Мораеш со 14 гола, а во финалето исто толку погодоци имаше Шишкарев.
Веќе в среда ќе биде извршена и ждрепката за полуфиналните двојки од Купот на Македонија, чиј завршен турнир речиси сигурно повторно ќе се игра во Битола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА