Ракометарките на Вардар и на Металург ќе играат во утрешното финале во Купот на Македонија. И двете екипи до финалето стигнаа со убедливи победи во полуфиналните дуели. Вардарки со рекордна победа од 56-16 славеа против Гевгелија. Металург исто така убедливо стигна до финалето, триумфирајќи против Прилеп со 43-15.
Вардарки се доминантни во Купот во последните три години , но денешната победа со +40 е нов клупски рекорд на „црвено-црните“. Како куриозитет ќе остане забележано и голгетерското шоу на двете крила на „црвено-црните“, Сара Ристовска и Камила Херем кои на овој меч постигнаа по 17 гола.
Финалето меѓу Вардар и Металург ќе се одигра утре со почеток во 12.30 часот во Автокоманда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА