Вардар го победи Мешков Брест со 30-23 и се врати во победнички ритам во продолжението од Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ на овој дуел настапија без Вуко Борозан кој има едне меч суспензија од ЕХФ, стартуваа помалку несигурно и во еден дел беа во негатива, но имаа одлична завршница во која на крај ја обезбедија петтата победа и се вратија на лидерската позиција во групата А од ЛШ.
Вардарци помалку резервирано влегоа во дуелот, а Мешков Брест со извонредната поддршка од голманот Иван Пешиќ ја имаше иницијативата и одржуваше предност во првата четвртина со 1-2 гола разлика. Во овој дел од натпреварот недостасуваше сигурност и прецизност во нападот на „црвено-црните“, а недостасуваа и одбраните на Дејан Милосављев. Српскиот голман дури во 17 минута ја запиша првата интервенција, а токму тоа иницираше и серија на вардарци од 3-0 и прво водство од 9-8 по реализацијата на Игор Карачиќ.
Офанзивата на Вардар го натера Маноло Каденас да побара тајм-аут во обид да ја прекине серијата на домаќините. А, веднаш потоа Мешпков Брест реализира два гола и одново дојде во минимално водство.
Во завршните десетина минути од првото полувреме вардарци заиграа поагресивбо во одбраната со Тимур Дибиров напред . Левото крилото на Вардар успеа да го пресече нападот на Мешков Брест и од контра да поентиора за ново водство на Вардар 11-10.
Во отсуство на суспендираниот Вуко Борозан, левата бековска позиција успешно ја покриваше Игор Карачиќ кој беше и најконкретен во нападот и најефикасен во првиот дел со пет погодоци. Во првите минути на терен во своето деби во дресот на Вардар, Кристијан Дисингер упати само еден удар кон противничкиот гол, но остана без реализација.
Во финишот на полувремето, и домаќините и гостите имаа по два гола во серија и на одмор заминаа со изедначен резултат 14-14.
Мешков Брест беше поконкретен и во нападот и во одбраната и на стартот од второто полувреме, но не за долго. Вардар тешко доаѓаше до реализација, сепак, за среќа Игор Карачиќ беше во елемент. Хрватскиот бек успеваше да најде простор и го држеше „црвено-црните“ во игра, во 38 минута со осмиот погодок донесе и нова предност од 18-17, а веднаш потоа прв пат го однесе Вардар на +2 (19-17).
Тоа беше клучниот момент во кој играта на Вардар доби на интензитет. „Црвено-црните“ го стабилизираа нападот, Гедбан и Милосављев дадоа дополнителна сигурност во одбраната и Вардар успеа да се одлепи и да ја преземе контролата на играта и на резултатот.
Милосављев во клучен момент му одбрани семдерец на Шиме Ивиќ, а потоа Вардар направи серија од 5-0 и во последната четвртина влезе со предност од 25-19. Во препознатлив стил профункционира и одбраната на Вардар и го остави Мешков Брест осум минути без гол. И ако во првиот дел се им одеше од рака, во завршницата избраниците на Маноло Каденас ја загубија сигурноста, а Гедбан ги имаше свои најблескави моменти на голот на Вардар.
На осум минути пред крај, вардарци стигнаа и до највисоки +7 со третиот погодок на Даинис Криштопанс за 27-20 со што практично и беше решен победникот на овој меч. Да биде доминацијата на Вардар уште поголема во финишот се погрижи Милосављев со вториот добранет семерец на шест минути пред крај. А, потоа стигна и казна од Дибирот на спротивната страна за 28-20.
Точка на извонредниот финиш стави Гедбан со одбранетиот седмерец на Ѓукиќ за конечна победа на Вардар со 30-23.
Извонредна партија во составот на Вардар имаше Игор Карачиќ со 11 гола од 14 обиди. По шест погодоци за „црвено-црните“ постигнаа Иван Чупиќ и Тимур Дибиров. Кај Мешков Брест најефикасен беше Александер Шкурински со пет гола.
Следниот натпревар во ЛШ, Вардар повторно го игра на домашен терен, на 11 ноември кога во Скопје гостува Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА