Македонскиот првак Вардар загуби од Черноморец со 0-1 на денешниот пријателски натпревар на подготовките во Анталија. Противникот го постигна голот на фантомски начин, со многу контроверзи дали топката воопшто ја помина гол – линијата. Сепак, по многу натегање, нервоза и со противничките фудбалери и со судиите, погодокот беше признат, а стрелец во 54.минута е заведен Антонов.
Вардар имаше можност да израмни во 70.минута. Беше досуден пенал за „црвено-црните“, но Бесар Исени не успеа да го реализира. Противничкиот фудбалер успеа да го одбрани неговиот удар.
Тренерот Чедомир Јаневски на стартот на мечот им даде шанса на следните фудбалери: Гачевски, Брдаровски, Новак, Грнчаров, Глишиќ, Марковиќ, Стојчевски, Блажевски, Попзлатанов, Исени, Барсегјан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА