Двократниот европски шампин Вардар со предност од еден гол 17-16 замина на полувреме против шведски Кристијанштад во натпревар од 4. коло од новата сезона во Лигата на Европа.
„Црвено-црните“ повторно почнаа лошо во нападот, па по три минути игра се уште немаа постигнато погодок. Среќа на голот повторно беше добар Валах па гостите имаа предност од само 0-2.
Првиот погодок за Вардар го постигна Кавада кој во петата минута од пенал намали на 1-2. Домаќините конечно заиграа подобро во следниот период па во влезот на деветата минута успеаја да израмнат на 4-4. Во 11. минута Вардар првпат стигна до водство со голот на Малус за 6-5.
Двократниот европски првак продолжи со одличната игра, па на половина од првиот дел за првпат стигна до позитива од три гола 10-7. Следуваше серија од два гола на гостинот (10-9), по кои Иван Чупиќ мораше да го побара својот прв тајм-аут на натпреварот. До крајот на првиот дел Швеѓаните успеаја да дојдат на негатива од само еден гол 17-16.
Хориха со пет гола е прво име во таборот на нашиот тим, додека кај Швеѓаните Бил Нилсен постигна исто така пет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

