Шкупи води со 1-0против Шкендија на полувремето од дербито на 5. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Вардар, пак, успеа да го задржи Гостивар само 20 минути на дуелот во Маџари, па има негатива од 1-0 по првите 45 минути, а предност уште има Работнички во пресметката против Тиквеш.
На дербито во Чаир, Шкупи до предноста дојде со голот на Јумеми Канда во 45. минута…
На стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, гостиварци до водство против Вардар дојдоа во 20. минута од средбата со погодокот на Алдаир.
Шампионот Струга ТЛ имаше предност од 0-1 во Битола на стадионот „Петар Милошевски“ против Пелистер со 0-1 уште од 16. минута на натпреварот, но домашните израмнија пред паузата.
Но, Пелистер израмни во 45. минута со автоголот на Сава Радиќ по нафрлањето од слободен удар од десната страна пред голот на Струга ТЛ.
Работнички продолжува со одличните игри на стартот од сезоната. „Романтичарите“ водат против Тиквеш на националната арена „Тодор Проески“ уште во раната фаза од натпреварот со голот на капитенот Белица во 24. минута.
ПРВА ЛИГА – 5. КОЛО (прво полувреме)
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ 1-0
Белица 24′
Струмица: АП БРЕРА – БЕСА 0-0
Скопје: ГОСТИВАР – ВАРДАР 1-0
Алдаир 20′
Скопје: ШКУПИ – ШКЕНДИЈА 1-0
Канда 45′
Битола: ПЕЛИСТЕР – СТРУГА ТЛ 1-1
Радиќ 45′(аг) – Кехинде 16′
Охрид: ВОСКА СПОРТ – СИЛЕКС 0-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА