Посакуваната победа против француски Мец, ракометарките на Вардар ја платија и со несакан пех, повредата на една од своите најдобри ракометари Андреа Пенезиќ.
Хрватската интернационалка имаше квалитетен натпревар против Французинките, но пред крајот на мечот несреќно заработи повреда на мускулот, по што веднаш мораше да ја напушти играта.
Од клубот најавија детални прегледи, по што попрецизно ќе биде познато за тежината на повредата, иако од сега се најавува дека ниту малку не е наивна, па најверојатно ќе следи и извесна пауза за Пенезиќ.
„Она што можам да кажам во моментов е дека станува збор за проблем со мускулот, откако доби удар во ногата. Се уште не можеме да кажеме конкретно за што станува збор и колку ќе паузира, тоа ќе го дознаеме во следните денови“ – соопшти тренерот на ЖРК Вардар, Дејвис, на прес-конференцијата по мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА