Вардар со новите имиња тргна по титулата во ПМФЛ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Лидерот во ПМФЛ во есенскиот дел Вардар, ги прави последните подготовки пред стартот на пролетниот дел од сезоната, во кој главна цел ќе биде враќање на титулата по подолго време во „црвено-црните“ витрини.

Вардарци во своите редови ги вратија репрезентативците Дарко Велковски и Бобан Николов, а нови имиња се и Стефан Цветковиќ и Хоакин Торес. Од екипата замина првиот стрелец Роџерс Мато кој продолжува во Хартс.

„Црвено-црните“ утре ќе ја одиграат генералката против Осогово, пред старот на пролетниот дел, во кој Вардарци стартуваат со домашен натпревар против Арсими.

Се вчитува...