Екипата на Вардар успешно ги заврши подготовките за вториот дел од сезоната што „црвено-црните“ ги минаа во Анталија, откако во шестиот обид успеа да стигне до првата победа.
Противник на македонскиот тим беше втората екипа на Рапид Виена, меч во кој избраниците на тренерот Седлоски успеаја да триумфираа со резултат 3-1. Стрелци на головите за Вардар на овој дуел беа Босанчиќ во 40. минута, Касим во 55. и Михаил Талевски во 70. минута.
„Црвено-црните“ одиграа шест натпревари за време на подготовките во Анталија, бележејќи една победа, три реми и два пораза, со вкупна гол-разлика 6-6.
Останува да се види во каква форма Вардар ќе влезе во вториот дел од оваа сезона, чиј старт е закажан за 16 февруари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

