Ракометарите на Вардар, предводени од новиот тренер Иван Чупиќ, со победа го почнаа турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид, триумфирајќи против српскиот суперлигаш Панчево со 29-27 (14-11).
„Црвено-црните“ беа подобар тим на теренот во текот на целиот дуел добивајќи го првиот дел со три гола разлика, по што потоа ја одржуваа предноста за конечна победа.
Најдобри стрелци кај Вардар беа Јака Малус и Дмитро Горига со по пет постигнати погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

