Вардар ја продолжува трката со Еурофарм Пелистер за титулата во македонскиот шампионат откако „црвено-црните“ забележаа нова победа, овојпат на домашен терен против незгодниот Бутел со резултат 25-21.
Во првото полувреме силите беа рамноправни на двете страни. Ракометарите на Вардар во неколку наврати се обидоа да направат резултатска предност, но „жилавите“ гости никако не попуштија. „Црвено-црните“ во еден момент поведоа со 9-5, но и тогаш кога се чинеше дека се крши противникот, Бутел се издигна и се врати со серија од 3-0. Цврстата одбрана на двата тима не дозволи поголема голеада, па на полувреме се замина со изедначен резутлат од 10-10.
Избраниците на Дејвис заиграа многу подобро во второто полувреме, па во овој дел од мечот направија серија од четири гола и набрзина поведоа со 19-15. До крајот на мечот следуваше рутинска игра на Вардар за нова победа со која го задржаа чекорот кон патеката за шампионската трка со Пелистер.
Куни Моралес со седум гола е најефикасен во таборот на Вардар, кај поразените се истакна Марко Митев со пет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА