Ракометарите на двократниот европски шампион Вардар со победа на гостувањето кај Бутел ја завршија сезоната во мак-ракометот откако не успеаја да стигнат до титулата ниту во Купот, ниту во домашниот шампионат.
Иако победија денеска на гостувањето кај Бутел со 25-31 тоа не беше доволно за нов трофеј, бидејќи во дербито во Битола, Пелистер славеше над Алкалоид и со тоа ја одбрани титулата во Суперлигата.
Гоце Георгиевски со шест гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Бојан Спасовски заврши со пет гола.
Денешниот меч против Бутел беше последен за четворица ракометари на „црвено-црните“ кои кариерата ќе ја продолжат на друго место. Вардар им се заблагодари на Мартин Томовски, Марко Мишевски, Дарко Ѓукиќ и Мартин Карапалевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА