Вардар го совлада тимот на Бутел со 24-21, и со победа ја почна новата сезона во домашното првенство, во кое ќе се обиде после една година пауза да ја врати шампионската титула.
„Црвено-црните“ и немаа тешка задача во дуелот против Бутел, иако првиот дел можеше да има сосема друг тек, со оглед дека го добија „само“ со +2 (8-10).
Во вториот дел, сепак, Вардарци одиграа далеку подобро, па имаа водство и од седум гола разлика. На крајот се опуштија, па дозволија противникот да се доближи, и на крајот триумф со плус три.
Најефикасен беше Срдановиќ со осум голови. Јефтиќ кај Бутел постигна шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА