Вардар со победа над Мура ги стартуваше тестовите во Словенија

Фудбалерите на Вардар запишаа победа од 2-0 против екипата на Мура на првиот пријателски натпревар како дел од летните подготовки во Словенија.

Стрелци на головите за „вардарци“ беа Цветков во 32. минута и Велковски во 49. минута од средбата.

За одбележување од денешниот дуел, како што пренесуваат вардарци, е враќањето на терен на капитенот на тимот, Дарко Мицевски по повеќе месечната пауза поради повреда.

Се вчитува...