Вардар со победа против чешкиот прволигаш Дукла од Прага ги заврши подготовките во Анталија.
На денешниот дуел против Чесите, „вардарци“ славеа со 1-0 со погодокот на Јован Попзлатанов во 50. минута од средбата…
Тренерот Чедомир Јаневски денешниот меч го започна со следниот состав: Гачевски, Брдаровски, Грнчаров, Новак, Глишиќ, Марковиќ, Глигоров, Фелипе, Попзлатанов, Барсегјан, Блажевски.
Ова беше трета победа на Вардар во шестте пријателски натпревари во Анталија. Претходно славеа и против Заглебје (3-0) и Берое (1-0), а имаа и реми со Словачко (2-2) и порази од украински Черноморец Одеса (0-1) и узбекистански Пахтакор (0-2).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА