Фудбалерот на Вардар, Нијаз Јусуфи се опоравува од болеста менингит, соопшти тимот на „црвено-црните“ на својот профил на „Фејсбук“.
„ФК Вардар упатува поддршка на нашиот фудбалер Нијаз Јусуфи, кој во моментов се опоравува од болеста менингит, со која се здоби во изминатиов период.
Биди силен, те чекаме повторно назад на теренот, да се бориме за нашиот Вардар!“, стои во објавата на ФК Вардар на „Фејсбук“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА