Ракометарите на Вардар имаат позитива од два гола (11-9) на полувреме против хрватскиот шампион ППД Загреб во 12. коло од Лигата на шампионите. Првиот дел го красеше тврда борба, со малку погодоци во која доминираа одбраните на двата тима.
И двете екипи како во „грч“ го отворија натпреварот. Безидејно во нападот, а по пет минути резултатот на семафорот беше само 1-1, а единтвените голови на мечот ги постигнаа Гојун за гостите и Оливие Нијокас за домаќините. Во продолжението се уште доминираа силните одбрани на двете страни, а по исклучувањето на Диало, малку се отвори играта па по десет минути беше 3-3, откако Борко Ристовски му одбрани пенал на Иван Чупиќ.
Стрелците никако не успеваа да го пронајдат својот ритам. Тимур Дибиров не реализираше пенал за „црвено-црните“, по што следше погодок на Лејметер за ново минимално водство на гостите од 5-6. Вардар заигра далеку подобро во продолжение, гостите беа беспомошни во фазата на напад, па по неколку пропуштени шанси, конечно во 24. минута двократниот европски шампион со голот на Гоце Георгиевски за првпат стигна до позитива од два гола (8-6), по што тренерот на загрепчани, Ивица Обрван мораше да го побара својот прв тајмаут.
Следеше нов нереализиаран напад на гостите, по кој Патрик Валчак во 26. минута за првпат донесе водство од три гола за домашниот тим (9-6). Гостите брзо возвратија со погодокот на Алекс Кавчиќ, но со вториот гол на Валчак во последните три минути се влезе со позитива од три гола за „црвено-црните“ (10-7).
Загрепчани возвратија со два гола, а со третиот гол на Валчак на полувреме се замина со плус два за Вардар (11-9).
Оливие Нијокас и Патрик Валчак со по три гола беа први имиња во таборот на Вардар, додека по два постигнаа Моралес и Георгиевски. Ристовски и Томовски забележавкупно две одбрани. Кај гостите по два гола имаа Обрадовиќ и Лејметер, додека Славиќ забележа четири одбрани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА