Вардар со пресврт поразен и од азербејџански Сумгаит

Вардар загуби и на вториот пријателски натпревар за време на подготовките во Аланија, Турција, овој пат од азербејџанскиот прволигаш Сумгаит со 1-3 (1-0).

Стрелец на единствениот гол за „вардарци“ беше Евгениј Новак во 39. минута од средбата. „Црвено-црните“ имаа предност на полувремето, но потоа дозволија три гола на Азербејџанците во вториот дел за пораз од 1-3. Головите за Сумгаит беа дело на Даждемиров во 53.минута, Наџафов во 56. минута и Мамедов од пенал во 87.минута од средбата.

Најтрофејниот македонски клуб во првиот натпревар за време на подготовките во Аланија, како што е познато, загуби од казахстански Иртиш Павлодар со 1-2.

Се вчитува...